Разликата во календарите на црквите води кон различни датуми на прослава на Божиќ     Фото: AA

Два датума, а ист празник-Божиќ. Еден се слави во старата година, а друг во новата. Христијанските верници раѓањето на Исус Христос претежно го слават според два различни календари.

Дел од православните цркви се водат според јулијанскиот календар, воведен од императорот Гај Јулие Цезар 46 години пред раѓањето на Исус. Бидејќи истиот има непрецизности, папата Григориј XIII со декрет во 1582 година ги прифатил промените предложени од доктор Алојзиј Лилиј и на сила стапува грегоријанскиот календар.

Првично го применувала Римокатоличката црква, а потоа бил постепено прифатен во целиот свет на државно ниво како нов официјален календар. Разликата од него со стариот календар е 13 дена па така и празнувањето на христијанските празници се должи на различна пресметка на деновите, а не на догматско толкување околу тоа кој ден е „вистинскиот“ според верата.

На Балканот различно се слави

Генерално на Балканот различните датуми колоквијално довеле и до различни именувања на празниците, односно, ако се слави на 25 декември граѓаните го нарекуваат„католички Божиќ“, а ако раѓањето на Исус се слави на 7 јануари тогаш е „православен Божиќ“. Сепак, ова тврдење не е целосно точно, односно има и православни верници кои Божиќ слават на 25 декември.

Македонската православна црква - Охридска Архиепископија и натаму го користи Јулијанскиот календар што значи дека Божиќ се прославува на 7 јануари.

Ист е случајот со националните цркви на Србија, Црна Гора, Русија, Молдавија и Грузија, како и православните цркви на Блискиот Исток и Северна Африка.

Сепак, постојат и православни цркви кои го слават Божиќ идентично како „грегоријанците“ на 25 декември. Тука спаѓаат Грција, Бугарија, Романија и неколку цркви низ светот, кои го применуваат обновениот јулијански календар.

Тој е реформа на стариот календар, но и делумно различен од грегоријанскиот чии недостатоци треба да ги надмине, а со него ќе се поклопува се до 2800 година. Така верниците од овие цркви, Божиќ ќе го прославуваат на 25 декември, идентично како и кај мноштвото западни цркви.

Финска во која постои православна црква е една од ретките која се води според грегоријанскиот календар за да се усогласи со државната регулатива.

TRT Balkan
Популарни