Туркије победник на Светското првенство во одбојка за жени / Photo: AA

Туркије ја елиминира Кина со 3-1 во неделата и го освои Светското првенство во одбојка на ФИВБ за жени во 2023 година.

Турската репрезентација убедливо ја доби финалната пресметка (25-22, 22-25, 25-19 и 25-16) во Арлингтон во американската сојузна држава Тексас.

Во полуфиналето репрезентацијата на Туркије беше подобра од САД исто така со резултата 3:1(25-21, 25-14, 24-26 и 27-25)/

Турските одбојкарки за прв пат во историјата станаа светски шампионки.

Претходно, Полска го освои бронзениот медал откако ја победи репрезентацијата на САД со 3:2 во сетови ( 25-15, 16-25, 25-19, 18-25 и 17-15).

TRT Balkan / агенции
Популарни