Брод со 2 737 тони хуманитарна помош од Туркије замина за Газа

Брод со 2 737 тони хуманитарна помош од Туркије замина за Газа

Туркије досега испратила помош во 12 авиони и шест бродови за Палестина.
Бродот со хуманитарна помош за Газа тргна од Мерсин / Photo: AA

Брод со 2.737 тони хуманитарна помош обезбедена главно со поддршка на турската Црвена полумесечина замина денеска замина од јужната турска провинција Мерсин кон Појасот Газа.

Пратката вклучува, пакети со храна, вода, брашно, облека, средства за хигиена, шатори, вреќи за спиење, ќебиња, материјали за засолниште и медицински материјали.

На церемонијата пред тргнувањето претседателката на Црвената полумесечина на Туркије, Фатма Мерич Јилмаз, рече дека помошта ќе пристигне во египетското пристаниште Ал-Ариш, од каде што ќе биде натоварена во камиони за наменетата дестинација.

Туркије досега испрати помош во 12 авиони и шест бродови за Палестина.

Израел, обвинет за геноцид, започна смртоносна офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 30.800, а беа ранети 72.298 Палестинци.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Сепак, нападите продолжуваат со несмалено темпо, а испораката на помош останува недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.

TRT Balkan / агенции
Популарни