Планирано е да се реализираат вкупно четири тури за помошта да стигне до регионот / Photo: AA

Туркије со воен авион ќе испрати медицински материјали за Газа, соопшти Министерството за национална одбрана на Туркије.

Во соопштението се вели дека помошта, која претежно се состои од медицински материјали, и е подготвена со инструкции на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со авион на Воздухопловните сили на Туркије ќе биде испратена во Египет, со цел да се пренесе во Газа. И се нагласува дека Туркије, продолжува да пружа рака на Појасот Газа.

„Во авионот на нашите Воздухопловни сили почнавме да ги товариме пакетите со помош кои претежно се состојат од медицински материјали и се подготвени со инструкции на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Нашите авиони штом ќе бидат готови, ќе тргнат за Египет. Планирано е да се реализираат вкупно четири тури за помошта да стигне до регионот“, се додава во соопштението.

AA
Популарни