71 азербејџански војник загина во судирите по провокациите на Ерменија

71 азербејџански војник загина во судирите по провокациите на Ерменија

По повторното разгорување на судирите во регионот Туркије ја повтори својата поддршка за Азербејџан
Ерменската окупација на Нагорно - Карабах во 1991 предизвика тензии меѓу двете земји     Фото: АА

Седумдесет и еден војник на армијата на Азербејџан го загубиле животот во судирите предизвикани од провокациите на Ерменија последните денови, соопшти министерството за одбрана на Азербејџан.

Од друга страна вчера премиерот на Ерменија Никол Пашинјан изјави дека во судирите загинале 105 ерменски војници.

По повторното разговорување на судирите во регионот Туркије ја повтори поддршката за Азербејџан.

Вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека најновите погранични тензии се резултат на прекршувањето од страна на Ерменија на договорот од 2020 година со кој војната во Карабах заврши со победа на Азербејџан. Според Ердоган ваквиот потег на Ерменија е неприфатлив.

Односите меѓу поранешните советски републики се тензични од 1991 година кога ерменската војска го окупира Нагорно-карабах територија која е меѓународно признаена како дел од Азербејџан.

Есента 2020 година Азербејџан ослободи неколку градови и над 300 населби и села кои беа окупирани од Ерменија, а борните завршија со договор со посредство на Русија.




AA
Популарни