Да се стави крај на окупацијата и палестинскиот народ да ја добие својата слобода, независност и суверенитет, изјави Абас / Photo: AA

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го поздрави договорот за хуманитарна пауза во Појасот Газа.

„Претседателот Абас и раководството го поздравуваат договорот за хуманитарно примирје“, рече Хусеин Ал Шеик, генерален секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во соопштението.

„Ги цениме Катарско-Египетските напори што беа направени и го обновуваме повикот за сеопфатен прекин на израелската агресија врз палестинскиот народ, воведување хуманитарна помош и спроведување на политичко решение засновано на меѓународна легитимност, да се стави крај на окупацијата и палестинскиот народ да ја добие својата слобода, независност и суверенитет“, додаде тој.

Израел и Хамас во средата објавија договор за примирје и за размена на заложници.

Според договорот, 50 Израелци кои ги држи Хамас ќе бидат ослободени во замена за 150 палестински затвореници од израелските затвори, објавија израелските медиуми.

Договорот вклучува и четиридневна пауза во борбите и влез на 300 камиони натоварени со хуманитарна помош, вклучително и гориво, во Појасот Газа.

Договорот, исто така дава можност за продолжување на паузата и потенцијално ослободување на повеќе деца и жени кои ги држат двете страни.

Израел проценува дека Хамас држи најмалку 239 Израелци по неговиот прекуграничен напад на 7 октомври.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади во Појасот Газа по нападот на Хамас, при што загинаа повеќе од 14.128 Палестинци, вклучувајќи 5.840 деца и 3.920 жени, според здравствените власти во енклавата.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, исто така се оштетени или уништени во воздушните и копнените напади на Израел врз опколената енклава.

Во меѓувреме, според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е околу 1.200.

AA
Популарни