Aмериканскиот претседател Џо Бајден на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нагласи целосната поддршка на неговата земја за Израел против групите поддржани од Иран и ја истакна „важноста на напорите за намалување на тензиите во регионот“.
Американскиот претседател Бајден телефонски разговараше со израелскиот премиер Нетанјаху. На средбата присуствувале и потпретседателката на САД Камала Харис, соопшти Белата куќа.
Во соопштението се вели дека Бајден го уверил Нетанјаху за безбедноста на Израел и „ја нагласил својата посветеност за безбедноста на Израел против сите закани од Иран и неговите терористички филијали како Хамас, Хезболах и Хусите“.
За време на средбата, Бајден и Нетанјаху разговараа и за теми поврзани со новите воени испораки на САД во Израел, особено против балистички ракети и беспилотни летала.
Бајден на Нетанјаху му ја истакна важноста од континуираните напори за намалување на тензиите на Блискиот Исток.
Во соопштението не се дадени информации дали двајцата, кои се сретнаа за прв пат по атентатот на претседателот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, разговарале за ова прашање.