Борел: Ужаснат сум од веста за уште еден масакр на цивилите во Газа

Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, изјави дека е „ужаснат“ од веста за израелскиот напад врз Палестинците кои ја чекаа хуманитарната помош во Газа.

„Ужаснат сум од веста за уште еден масакр на цивилите во Газа очајни за хуманитарна помош“, истакна тој преку платформата X.

„Овие смртни случаи се целосно неприфатливи.“

Нагласувајќи дека лишувањето на луѓето од помош во храна е сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право, Борел рече дека „мора да се дозволи непречен хуманитарен пристап до Газа“.

Изјавата на Борел дојде откако израелските сили отворија оган врз толпа Палестинци рано вчера додека чекаа хуманитарна помош во градот Газа, убивајќи најмалку 112 лица, а ранувајќи 760, според Министерството за здравство во Газа.

Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш во израелските напади во Газа загинати се најмалку 30.035 Палестинци, а над 70.457 се повредени.

Израел воведе и остра блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на гладување.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, каде што постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му наложува на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира влез на хуманитарна помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни