Бројот на загинати Палестинци во Газа се зголеми на 29.878 / Photo: AA

Бројот на загинати Палестинци од израелската смртоносна офанзива против Појасот Газа се искачи на 29.878 од 7 октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Министерството за здравство со седиште во Газа ја даде изјавата додека израелскиот смртоносен напад врз Газа влегува во својот 144-ти ден.

Исто така, се вели дека 70.215 други луѓе се повредени во тековниот напад.

Во соопштението се истакнува дека израелската армија во изминатите 24 часа извршила 11 масакри низ Појасот Газа во кои загинале 96 лица, а 172 други биле повредени.

„Многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври, во кој се верува дека биле убиени речиси 1.200 Израелци.

Околу 85 отсто од жителите на Газа се раселени поради израелските напади и имаат недостиг на храна. Стотици илјади луѓе живеат без засолниште, а намален е и бројот на камионите со хуманитарна помош кои влегуваат на територијата.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни