Во соопштението на Министерството се вели дека 74.787 Палестинци исто така се повредени во нападите / Photo: AA

Најмалку 32.414 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од октомври минатата година, соопшти Министерството за здравство во опколената енклава, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се вели дека 74.787 Палестинци исто така се повредени во нападите.

„Во израелските напади загинаа најмалку 81 лице, а беа повредени 93 други во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Вчера, Советот за безбедност на ОН донесе резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа за време на исламскиот свет месец Рамазан.

Додека Хамас ја поздрави резолуцијата, Израел го отфрли повикот за прекин на огнот и вети дека ќе ја продолжи својата војна против палестинската енклава.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во јануари донесе привремена одлука со која му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира влез на хуманитарната помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни