Најмалку 445 Палестинци се убиени, а над 4.700 се повредени од израелски оган на Западниот Брег по 7. октомври / Photo: AA

Најмалку четворица Палестинци загинаа во напад на израелско беспилотно летало денеска на окупираниот Западен Брег, соопштија медицински лица.

Дронот бомбардираше област во населбата Ал-Маншија во бегалскиот камп Нур Шамс во градот Тулкарм, изјавија очевидци.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека нејзините тимови извлекле две тела од кампот, со што бројот на загинати од нападот се искачи на четири.

Министерството за здравство претходно соопшти дека во нападот со беспилотно летало загинале две лица.

Израелската војска изврши рација во кампот во текот на ноќта, распореди снајперски тимови и го прогласи кампот за затворена воена зона, велат очевидците.

Засега нема коментари од израелска страна за нападот.

Тензиите низ Западниот Брег се зголемија откако Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас во октомври минатата година.

Оттогаш најмалку 445 Палестинци се убиени, а над 4.700 се повредени од израелски оган на Западниот Брег, според Министерството за здравство.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремена одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира дека ќе се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа, каде што во нападите досега загинаа најмалку 32.000 луѓе.

AA
Популарни