Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа и кога израелско беспилотно летало погоди куќа западно од Деир ал Балах / Фото: AA

Најмалку 12 Палестинци се убиени во новите израелски воздушни напади во Појасот Газа информираат медицински извори. Борбен авион погоди станбен комплекс во населбата Ал-Туфах источно од градот Газа, при што загинаа четворица, а неколкумина се повредени.

Уште три лица загинаа во напад со беспилотно летало во населбата Шејаја источно од градот Газа, велат изворите.

Пријавени се и жртви во израелски напад врз училиште во населбата Римал западно од градот Газа.

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа и кога израелско беспилотно летало погоди куќа западно од Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, изјави друг медицински извор.

Две лица биле убиени и при израелско гранатирање северно од Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 38.700 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 89.000 се повредени.

Повеќе од девет месеци по израелскиот напад, огромни делови од Газа лежат во урнатини среде осакатувачка блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од 1 милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.

AA
Популарни