Дводневен состанок на началниците на генералштабовите на членките на НАТО / Photo: AA Archive

Началниците на генералштабовите на армиите на земјите члени на НАТО се состанаа во седиштето на Алијансата во Брисел со цел да разговараат за воени прашања на НАТО, пред сѐ за војната во Украина.

Состанокот ќе трае два дена, а на првиот ден ќе се разговара за различни теми, како што се зголемување на капацитетите и можностите на Алијансата и зајакнување на одбраната и одвраќањето, дигитална трансформација, оценување на нивото на подготвеност на силите на НАТО, воени резерви и логистика.

Меѓу другото, на вториот ден на состанокот ќе се разговара за Мировните сили на НАТО во Косово (КФОР), состојбата на терен во Косово и безбедносната средина, работите во рамки на Мисијата на НАТО во Ирак, како и за Украина.

На последната сесија од состанокот, началниците на генералштабовите ќе разговараат за прашањето на Украина и за поддршката на НАТО за Украина која војува против Русија.

Началникот на Генералштабот на Украинската армија, Валериј Залужни, на состанокот ќе учествува преку видеоконференција, на која ќе информира за последната состојба на терен.

На состанокот, покрај началниците на генералштабовите на 30 земји членки на НАТО, учествуваат и началниците на генералштабовите на Шведска и Финска кои се во својство на земји кои се поканети во НАТО.

На состанокот под водство на претседателот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, Туркије е претставена од началникот на Генералштабот на Турската армија, Јашар Ѓулер.

TRT Balkan / агенции
Популарни