Газа: Бројот на загинати во израелските напади се искачи на 34.183 / Photo: AA Archive

Вкупно 34.183 Палестинци се загинати во израелските напади врз Појасот Газа, а смртоносните напади се извршуваат веќе 200 дена, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава.

Во тековните напади од октомври минатата година повредени се и 77.143 Палестинци, се додава во соопштението.

Министерството истакна дека во изминатите 24 часа Израел извршил три масакри врз семејства низ Појасот Газа, при што загинале 32 лица, а 59 повредени пристигнале во болниците.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври минатата година, во кој Тел Авив вели дека се загинати речиси 1.200 лица.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

AA
Популарни