Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот во Газа

Хамас го прифати предлогот за прекин на огнот во Газа

Пишаната изјава на шефот на Хамас е објавена на веб-страницата на движењето
Хамас го прифати прелдогот за прекин на огнот во Газа / Photo: AA

Шефот на Политичкото биро на палестинското движење Хамас Исмаил Ханије ги извести катарските и египетските претставници дека го прифатил предлогот во врска со спогодбата за прекинот на огнот во Појасот Газа.

Ова е потврдено во пишаната изјава која политичкиот шеф на Хамас го објави на официјалната веб страница на Хамас.

Во соопштението е наведено дека Ханије телефонски разговарал со премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдурахман Ал Тани и директорот на Египетската разузнавачка служба Абас Камил и дека движењето Хамас ги прифатило предлозите кои им биле изнесени во врска со спогодбата за прекин на огнот. Не се објавени детали на предлогот кој Хамас го прифатил.

AA
Популарни