Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив / Photo: AA

Вкупно 32.975 Палестинци загинаа во израелските напади врз Појасот Газа што започнаа во октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава.

Министерството за здравство излезе со соопштение на 180-от ден од израелските напади врз Газа.

Во тековните напади повредени се 75.577 Палестинци, се додава од Министерството.

Се истакнува дека во изминатите 24 часа „Израел изврши пет масакри врз семејства низ Појасот Газа, во кои загинаа 59 лица, а 83 се повредени“.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Израел започна со напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас, во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.

Израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во јануари донесе привремена одлука со која му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе дојде до цивилите во Газа.

AA
Популарни