Таквата одлука би ја загрозила нормализација во регионот, рекол Нетанјаху / Photo: AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „американското директно или индиректно признавање на палестинска држава ќе им наштети на напорите за мир и нормализација во регионот“.

Американскиот портал „Аксиос“ врз основа на двајца неименувани израелски функционери објави дека на приватна средба со Блинкен во Ал-Кудс/Ерусалим минатата недела, Нетанјаху се осврнал на можноста САД да ја признаат палестинската држава и изразил загриженост дека Вашингтон размислува за таква опција.

Нетанјаху му рекол на американскиот државен секретар дека директното или индиректното признавањето на палестинска држава од страна на администрацијата во Вашингтон „ќе биде награда за оние што го планирале и го воделе нападот „Потопот Акса“ организиран од Хамас на 7 октомври.

За време на состанокот Нетанјаху му рекол на Блинкен дека американското признавање на палестинска држава „ќе им наштети на напорите на Вашингтон да го прошири кругот на мирот и нормализацијата во регионот“.

Израелскиот премиер и Министерството за надворешни работи одбија да го коментираат ова прашање.

Од друга страна, висок израелски функционер што не сакаше да го открие своето име, во интервју за порталот „Аксиос“, изјави дека ова прашање било поставено на средбата меѓу советникот за национална безбедност на Нетанјаху, Цачи Ханегби, и Хусеин ал Шеик, еден од најблиските луѓе на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Официјалниот претставник рече дека Ханегби му рекол на шеикот дека „јасно ставил до знаење дека Израел нема да ја смени политиката што ја спроведува со децении и дека нападите врз Газа нема шанси да завршат со решение за две држави“.

Според израелски функционер, Ханегби пренесе дека прашањето не е за Владата на Нетанјаху и рече:

„Додека имавме други влади во Израел, немаше палестинска држава. Затоа мора да бидете реални и да поставите попрактични цели за денот по војната.“

AA
Популарни