Во текот на 146 дена биле убиени 13.230 деца и 8.860 жени, 340 здравствени работници и 132 новинари / Photo: AA

Израелската армија просечно убива повеќе од 151 жена и дете секојдневно од почетокот на израелските напади врз Газа на 7 октомври минатата година.

Најновите информации за нападите на Израел врз Појасот Газа беа објавени во соопштение за медиумите од канцеларијата за медиуми на владата на Газа.

Беше објавено дека од 7 октомври израелската армија извршила 2.627 масакри во Појасот Газа, а во текот на 146 дена биле убиени 13.230 деца и 8.860 жени.

Според статистиката, Израел убива повеќе од 151 жена и дете дневно во Газа од почетокот на нападот.

Наведено е дека 7.000 луѓе, од кои 70 отсто жени и деца, сѐ уште се под урнатините или исчезнати, бројот на починати донесени во болниците е 30.139, а бројот на повредени е 71.217.

Од 7 октомври израелската армија употребила повеќе од 70.000 тони експлозив во своите напади врз Газа.

Израел, чија цел беше и здравствениот сектор, уби 340 здравствени работници и 47 припадници на цивилната одбрана во Газа.

Забележано е дека во израелските напади во Газа загинале 132 новинари.

Околу 17.000 деца во Газа живеат без еден или двајцата родители поради израелските напади.

Посочувајќи на нехуманите услови во пренаселените сместувачки центри во кои се засолниле прогонетите Палестинци, се наведува дека како резултат на раселувањето се откриени 700.000 случаи на заразни болести и повеќе од 8.000 случаи на „хепатитис А“.

Загрозени се животите на 60.000 бремени жени во Газа поради недостаток на здравствена заштита, а 350.000 луѓе со хронични болести се загрозени поради недостаток на лекови.

Израелските сили приведоа 99 здравствени работници и 10 новинари, а два милиони луѓе беа раселени во Појасот Газа со 2,3 милиони жители.

Во Газа целосно се уништени 70.000 куќи, а вкупно 290.000 станбени единици се оштетени и станале неупотребливи.

Израелската армија уништи 160 државни згради и 100 училишта и универзитети, додека 305 училишта и универзитети беа делумно оштетени.

Израелската армија оштети 281 џамија во Газа, од кои 211 беа целосно уништени, а цел беа и три цркви, поради што беа уништени.

Се вели дека Израел цели 154 здравствени установи во Газа, онеспособи 53 здравствени центри и 31 болница и онеспособи 124 амбулантни возила.

Мета беше и палестинското културно наследство и беа уништени 200 историски и културни имоти во Газа.

AA
Популарни