Буџетот на Израел е околу 132 милијарди долари за 2023 година / Photo: AA

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич објави дека Израел троши околу 246 милиони долари дневно за конфликтот во Газа.

Зборувајќи за радиото на израелската армија, Смотрич рече дека ќе има промени во годишниот буџет поради војната што трае од 7 октомври.

„Годинешниот буџет на земјата повеќе не важи. Тој треба да се промени според случувањата во Израел“, рече Смотрич.

Тој истакна дека се уште нема проценка за индиректните трошоци за економијата, која е делумно парализирана од масовната мобилизација на армиските резервисти и големиот број ракети истрелани од палестинска страна.

Годишниот буџет во Израел, кој е околу 132 милијарди долари во 2023 година, се предвидува да биде околу 140 милијарди долари во 2024 година.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври и ја стави целата енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали.

Во израелските воздушни напади врз Појасот Газа загинаа 6.546 Палестинци, од кои 2.704 деца, 1.584 жени и 364 постари лица.

Од друга страна, околу 1.400 Израелци загинаа во конфликтот.

AA
Популарни