Израелците незадоволни од постигнувањата на Нетанјаху во војната со Газа

Израелците незадоволни од постигнувањата на Нетанјаху во војната со Газа

Според анкетата, само 25 отсто од Израелците сакале Нетанјаху да остане на функцијата како премиер
Израелците незадоволни од постигнувањата на Нетанјаху во војната со Газа / Photo: AA

Анкета објавена вчера покажа дека 65 отсто од Израелците се незадоволни од постигнувањата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во тековните борби во Појасот Газа.

Анкетата спроведена од израелскиот институт „Кантар“ вклучи 756 испитаници и покажа дека 63 отсто од нив се изјасниле дека се задоволни од работата на министерот за одбрана Јувал Ганц во конфликтот.

Според анкетата, само 25 отсто од Израелците сакале Нетанјаху да остане на функцијата како премиер.

Доколку општите избори се одржаа денес, анкетата покажува дека Партијата за национално единство на Ганц би обезбедила 33 места во 120-члениот Кнесет. За споредба, Ликуд, партијата на Нетанјаху, би обезбедила 20 места.

Според друга анкета објавена на 2 јануари од израелскиот весник „Маарив“, 48 отсто од Израелците го претпочитале Ганц за премиер, додека само 34 отсто сметале дека Нетанјаху е погоден за неговата позиција.

Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Според здравствените власти во Газа, досега загинати се најмалку 22.800 Палестинци, а 58.416 се ранети.

Израелските напади ја оставија Газа во урнатини, со 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена, со речиси 2 милиони жители раселени, а постои и сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

TRT Balkan / агенции
Популарни