Израелската авијација изведе напади врз Газа

Израелската авијација изведе напади врз Газа

Израелската војска соопшти дека започнала воздушни напади врз Газа
Израелската авијација изведе напади врз Газа

Силни експлозии одекнаа во централниот дел на Појасот Газа каде се изведени најмалку шест напади на израелските сили.

Израелската војска претходно вчера наведе и дека најмалку 30 ракети се истрелани од јужниот дел на Либан кон Израел.

Израелската војска соопшти дека нејзиниот систем на противвоздушна одбрана „Железна купола“ пресретнал 15 ракети истрелани од Либан кон северен Израел.

Војската додаде дека поради ракетните напади го затворила својот воздушен простор за цивилни летови на северот на земјата.

„Премиерот Бенјамин Нетанјаху редовно е известуван за безбедносните настани и ќе изврши проценка на ситуацијата со шефовите на безбедносните институции“, се наведува во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

Досега ниту една група во Либан не презеде одговорност за лансирање на ракетите.

Претходно либанските медиуми објавија дека израелската војска со артилерија го гаѓала југот на Либан. Веста за нападот објавена е на интернет страницата на телевизијата „Ал Мајадин“, која е блиска до движењето Хезболах во Либан.

Тензиите следуваа откако израелските сили веќе две вечери последователно упаднаа во комплексот на џамијата Ал-Акса во окупираниот источен Кудс (Ерусалим) и насилно ги оддалечија Палестинците.

TRT Balkan / агенции
Популарни