Војската на 18 март изврши рација во болницата во која се сместени илјадници болни и ранети пациенти, како и раселени жители на Газа / Photo: AA

Израелската војска денес соопшти дека во текот на изминатата недела уапсила 500 Палестинци во и околу болницата Ал-Шифа во градот Газа.

Во соопштението на војската се вели дека Палестинците се приведени поради нивна поврзаност со палестинските групи Хамас и Исламски џихад.

Од двете групи нема коментар за израелските наводи.

Војската изврши рација во болницата на 18 март, во која се сместени илјадници болни и ранети пациенти, како и раселени жители на Газа.

Според владината канцеларија за медиуми на Газа, во израелскиот напад врз објектот убиени и повредени се над 250 Палестинци.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас.

Најмалку 32.226 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од октомври, соопшти во неделата Министерството за здравство во опколената енклава.

Според Обединетите нации, војната принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а поголем дел од инфраструктурата на енклавата е оштетен или уништен.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни