Израелските војници употребиле боева муниција и солзавец во старото градско подрачје на Наблус, каде извршиле рација.    Фото: Ројтерс

Израелската армија рани 30 Палестинци, од кои 4 потешко, во рација извршена во окупираниот град Наблус на Западниот Брег.

Во писменото соопштение на Црвена полумесечина на Палестина се наведува дека израелски војници опколиле куќа во градот Наблус, кој се наоѓа во северниот дел на Западниот Брег.

Се додава дека израелските војници отвориле оган со вистински куршуми за време на рацијата и раниле 30 Палестинци, а состојбата на 4 од ранетите лица е тешка.

Во меѓувреме, според информациите добиени од очевидци, израелските војници употребиле боева муниција и солзавец во старото градско подрачје на Наблус, каде извршиле рација.

Израелската армија во јули застрела двајца Палестинци во рација извршена во старото јадро на Наблус.

Израелските сили, кои често вршат рации во домовите на Палестинците на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Источен Кудс), приведуваат Палестинци под различни обвинувања.

Според извештаите на Обединетите нации (ОН), израелските сили извршиле рации на палестинските територии околу 1.600 пати од почетокот на 2022 година, заклучно со 26 јуни.

За време на рациите животот го загубиле 60 Палестинци, а речиси 6.000 Палестинци биле повредени.

AA
Популарни