Макрон: Борбата против тероризмот не значи уништување на сѐ во Газа

Макрон: Борбата против тероризмот не значи уништување на сѐ во Газа

Претседателот на Франција ја опиша израелската интервенција во Газа како „несоодветна“
Макрон: Борбата против тероризмот не значи уништување на сѐ во Газа / Photo: AA

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера изјави дека неговата земја не може да дозволи да се вкорени идејата дека ефикасната борба против тероризмот подразбира срамнување со земја на Појасот Газа или неселективни напади врз цивилното население.

„Борбата против тероризмот не значи да се уништи сѐ во Газа“, рече Макрон на темата за израелско-палестинскиот судир.

Макрон во изјава за телевизискиот канал „Франс 5“ истакна дека позицијата на Франција во врска со ситуацијата во Појасот Газа е фер и во согласност со француската дипломатска историја.

Макрон ја опиша израелската интервенција во Газа како „несоодветна“.

„Како што неделите минуваат, не можеме да дозволиме да се вкорени идејата дека ефикасната борба против тероризмот подразбира срамнување на Газа или неселективни напади врз цивилното население, предизвикувајќи цивилни жртви“, истакна Макрон.

Претседателот на Франција порача дека Израелците мораат да го запрат овој одговор затоа што не е соодветен и затоа што сите животи се еднакви.

Макрон истакна дека е длабоко вознемирен поради загубата на животите на недолжните цивили.

Тој го повтори апелот за воспоставување хуманитарна пауза што ќе прерасне во прекин на судирите, со цел заштита на цивилите.

TRT Balkan / агенции
Популарни