Меѓународната унија на муслимански научници (IUMS) ја повика меѓународната заедница да донесе закон со кој се забранува навредување на религиите и на светите нешта.
Организацијата со седиште во Доха во апелот наведе дека ќе испратат делегација на муслимански научници во исламските земји на разговори за сѐ поголемиот број навреди кон исламот.
Меѓународната унија на муслимански научници (IUMS) ќе побара од Организацијата на исламската соработка (OИС) и од Обединетите нации (ОН) да се залагаат за формирање закон со кој би се забраниле какви било навреди на сметка на верските свети нешта.
Овој потег доаѓа во ек на бурните меѓународни реакции поради навредите што портпаролот на владејачката партија во Индија ги изнесе кон божјиот пратеник Мухамед.
Властите на Катар, Кувајт и Иран беа меѓу најгласните во осудата на тие навреди и ги повикаа на разговор индиските амбасадори.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така ги осуди навредите и порача дека се противи на сите видови говор на омраза и ја повика Индија да ги почитува сите религии.
20 јун 2022
Муслимански научници бараат закон за забрана на навреди кон религиите
Потегот доаѓа во ек на бурните реакции на исламскиот свет поради навредите што портпаролот на владејачката партија во Индија ги изнесе кон божјиот пратеник Мухамед.
AA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Што друго би сакале да знаете?
Популарни