Ваква инфлација во Шведска не се памети 31 година     Фото: АА / Photo: AA

Годишната стапка на инфлација во Шведска во октомври се искачи на 10,9 отсто. Toa е највисоко ниво од февруари 1991 година, објави Државниот завод за статистикa.

Зголемувањето на стапката на инфлација е резултат на повисоките цени на храната и безалкохолните пијалаци и превозот.

Цените на храната и на безалкохолните пијалаци се зголемени за 16,1 отсто на годишно ниво, а на превозот за 11,5 отсто во однос на октомври минатата година.

На месечна основа, шведскиот индекс на потрошувачки цени во октомври порасна за 0,2 отсто, што е најбавно темпо во последните три месеци.

TRT Balkan / агенции
Популарни