Нетанјаху го отфрли последнот предлог на Хамас за прекин на огнот / Photo: AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одобри планот за воена операција во Рафах во јужниот дел на Појасот Газа.

Канцеларијата за медиуми на Нетанјаху објави соопштение по седницата на израелскиот воен кабинет во врска со отфрлањето на понудата на Хамас и одобрувањето на нападот на Рафах.

„Армијата се подготвува за операција и евакуација на (цивилното) население“, се наведува во соиопштението.

Исто така, беше објавено дека Нетанјаху ја одбил последната понуда на Хамас за договор за прекин на огнот и размена на затвореници, велејќи дека условите остануваат ирационални.

Одобрувањето за нападот на Рафах дојде и покрај предупредувањата од меѓународната заедница, вклучувајќи ги САД и Египет, да не влегуваат во Рафах, дом на околу 1,5 милиони раселени Палестинци.

Хамас вчера објави дека предлогот за прекин на огнот и договор за размена на затвореници со Израел го проследил до посредниците во Катар и Египет.

Нетанјаху го отфрли последниот предлог на Хамас за прекин на огнот, нарекувајќи го апсурден.

TRT Balkan / агенции
Популарни