Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) соопшти дека бројот на раселени лица во последните 24 часа во Појасот Газа достигна 180.000.
Според извештајот објавен на интернет-страницата на УНРВА, се очекува дека ќе се зголеми бројот на масовно раселените жители на Газа по палестинско-израелскиот судир што започна на 7 октомври.
Околу 137.500 од 180.000 раселени лица во Појасот Газа се засолнети во 83 училишта на УНРВА во различни делови на Газа.
Од друга страна, во координација на Светската програма за храна (WFP), на раселените лица им се дели леб.
TRT Balkan / агенции