Израелската војска во четвртокот упадна и наложи затворање на  палестински невладини организации кои  ги означи за „терористички“.     Фото: АА

Израелските упади во палестинските невладини организации во четвртокот, кои државата ги означи за „терористички“, предизвикаа дипломатска реакција и критики од ОН, Европската Унија (ЕУ), како и од Соединетите Американски Држави (САД).

„И покрај предлозите да се преиспитаат обвинувањата за да се утврди дали се средствата пренасочени, израелските власти не дадоа никакви доверливи докази на агенциите на ОН, ниту на партнерите од невладините организации кои работат на окупираните палестински територии, за да ги поддржат овие постапки“, соопштија од ОН.

Се додава дека „ширината на израелското антитерористичко законодавство од 2016 година и нивното влијание на презумпција (претпоставка) на невиност, според меѓународното право, претставуваат сериозна загриженост“.

Уште во април, експертите за човекови права сметаа дека е загрижувачко прогласувањето на невладините организации за терористички од стана на Израел.

„Вознемирувачкото означување на овие организации како „терористички“ од страна на Израел не е придружено со каков било јавен конкретен и веродостоен доказ“, се наведува во соопштението на експертите за човекови права под покровителство на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права.

Канцеларијата на претставникот на Европската Унија во Палестина соопшти дека тврдењата дека палестинските невладини организации кои Израел ги затвори бидејќи злоупотребувале средства се „недокажани“ и дека ќе продолжи да ги поддржува палестинските невладини организации.

Неколку организации за човекови права, вклучително „Хјуман рајтс воч“ и „Амнести интернешнл“, исто така го осудиjа израелскиот упад.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, за новинарите во четвртокот изјави дека Вашингтон е загрижен поради затворањето и дека ја „пренел пораката дека мора да постои многу висока граница за преземање акции против организациите на цивилното општество“.

Израелската војска во четвртокот упадна и наложи затворање на седум палестински невладини организации (NVO) во градовите Рамала и Ал Бирех на окупираниот Западен Брег.

Меѓу невладините организации врз кои е извршена рација се „Адамер“, која води грижа за затворениците и човековите права, Центарот „Ал Хак“, Центарот за истражување и развој „Бисан“, Унијата на женски комитети, Организацијата за здравје и развој (HWC) , Унијата на одбори за работа во земјоделството и Организацијата „Меѓународна одбрана на деца“.

Сведоците потврдија дека израелските сили во текот на последните рации заплениле фајлови и компјутери и ја уништиле нивната содржина.

Израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, на 19 октомври 2021 година издаде наредба за затворање на шест невладини организации тврдејќи дека „терористичките организации“ се поврзани со Народниот фронт за ослободување на Палестина.

AA
Популарни