Поради поплавите предизвикани од монсунските дождови во Пакистан од 14 јуни загинаа 1.638 лица, а над 12.000 луѓе се повредени.            Фото: Ројтерс

Десет деца го загубија животот од дифтерија во последните два месеца по катастрофата предизвикана од поплавите во пакистанската покраина Синд.

Според веста во националните медиуми, властите соопштија дека во последните два месеца во Синд од дифтерија починале 10 деца, и дека регистрирани се вкупно 39 случаи на дифтерија.

Властите нагласија дека се загрижени поради можноста да има повеќе смртни случаи поради оваа болест. Тие укажаа на потребата да се испита епидемијата и да се започне процесот на вакцинирање.

Поради поплавите предизвикани од монсунските дождови во Пакистан од 14 јуни загинаа 1.638 лица, а над 12.000 луѓе се повредени.

AA
Популарни