Изборите почнаа утрово во 7.30 часот во Холандија каде се гласа до 21 часот за избор на 31 пратеник во ЕП / Photo: AA

Во Европската унија денеска официјално почна гласањето за 72о пратеници за Европскиот парламент, а првата земја-членка на ЕУ каде почна гласањето е Холандија, чии гласачи ќе можат да гласаат за избор на 31 пратеник од 7:30 до 21 часот.

Гласањето во таа земја се уште се врши со пенкало и хартија, поради долгогодишна недоверба во гласачките компјутери, пишува Политико.

Во петок, на 7 јуни, избирачките места во Ирска ќе бидат отворени од 7 до 22 часот, а таа земја ќе има 14 пратеници во новото свикување на ЕП.

И Чешка ги отвора гласачките места за дводневни избори и избира 21 пратеник.

Избирачките места се отворени од 14 до 22 часот на 7 јуни и од 8 до 14 часот на 8 јуни.

Во сабота гласањето ќе се одржи во Летонија, која избира девет членови на ЕП од 9 до 20 часот, на Малта, која ќе има само шест европратеници и во Словачка, која ќе избере 15 пратеници ќе се гласа од 7 до 22 часот. Во Италија гласањето ќе трае два дена и бидејќи е трета по големина земја на ЕУ избира 76 членки.

Во Италија ќе се гласа на 8 јуни од 15 до 23 часот, а на 9 јуни 7 до 23 часот.

Недела е „супер изборен ден“ бидејќи тогаш гласаат повеќето земји-членки на ЕУ.

Во Австрија се избираат 20 пратеници во Европскиот парламент, а поголемите избирачки места ќе бидат отворени од 7 до 17 часот, додека во помалите општини избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 12 часот, а право на глас имаат младите од 16 и 17 години.

Во Белгија се гласа од 8 до 14 часот, додека електронското гласање е можно во 16 часот и во таа земја изборите се одржуваат на три нивоа - европско, федерално и регионално. Таа земја избира 22 пратеници, гласањето е задолжително, а за прв пат им е дозволено да гласаат и на младите од 16 и 17 години.

Бугарија гласа од 7 до 20 часот, избирајќи 17 членови преку задолжително гласање за сите граѓани со право на глас. Истиот ден во таа земја се одржуваат национални избори.

Избирачките места во Хрватска ќе бидат отворени од 7 до 19 часот, а земјата избира 12 пратеници во Европскиот парламент.

Гласањето на Кипар ќе се одвива од 7 до 18 часот, а таа земја има право на шест европратеници. Данска гласа од 9 до 20 часот и избира 15 членови.

Во Естонија, недела е официјален изборен ден, иако гласањето започна на 3 јуни.

Таа земја избира седум членови на ЕП, а избирачките места се отворени од 9 до 20 часот. Во Естонија може да се гласа и по електронски пат - од компјутер дома.

Финска гласа од 9 до 20 часот, избира 15 членови.

Франција гласа од 8 до 18 часот и избира 81 член, додека Германија како најголема земја во ЕУ има право на 96 европратеници.

Избирачките места во Германија ќе бидат отворени од 8 до 18 часот, а право на глас имаат младите од 16 и 17 години.

Избирачките места во Грција ќе бидат отворени од 7 до 19 часот, граѓаните избираат 21 европратеник, гласањето е задолжително, а минималната возраст за гласање е 17 години.

Унгарија од 6 до 19 часот гласа за 21 европратеник, додека Литванија од 8 до 20 часот ќе избира 11 европратеници.

Во Луксембург може да се гласа од 8 до 14 часот, а граѓаните на таа земја избираат шест европратеници.

Избирачките места во Полска се отворени од 7 до 21 часот, се избираат 53 членови на ЕП, додека Португалија од 8 до 20 часот ќе избира 21 член.

Романија од 7 до 22 часот избира 33 членови на Европскиот парламент, Словенија од 7 до 19 часот девет членови, а Шпанија како четврта по големина земја на ЕУ, избира 61 член од 9 до 20 часот.

Во Шведска се избираат 21 член на ЕП, а избирачките места ќе бидат отворени од 9 до 20 часот.

Првите прелиминарни резултати ќе бидат познати во недела околу полноќ.


AA
Популарни