По повеќе од девет месеци по почетокот на израелските напади големи делови од Газа се во урнатини / Photo: AA

Од 7 октомври минатата година, 39.006 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Палестинското Министерство за здравство дава информации за израелските напади врз Појасот Газа веќе 290 дена.

Наведено е дека израелската Армија извршила три „масакри“ во различни делови на Газа во последните 24 часа, а во овие напади биле убиени уште 23 Палестинци, а 91 лице биле ранети.

Тие потврдија дека 39.006 Палестинци биле убиени, а 89.818 ранети во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година.

Министерството повтори дека сѐ уште има тела под урнатините и на страната на патот, но дека медицинските тимови и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до нив поради израелските пречки.

Прекршувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

По повеќе од девет месеци по почетокот на израелските напади големи делови од Газа се во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.

AA
Популарни