Уште 96 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа во изминатите два дена, со што вкупниот број на загинати од октомври минатата година достигна 43.020, соопшти во понеделникот Министерството за здравство во палестинската енклава.
Најмалку 101.110 лица се повредени во 388-дневните израелски напади врз Појасот Газа.
Во соопштението се наведува дека израелската армија извршила пет масакри во различни региони на Газа во последните 48 часа, кои резултирале со 96 загинати и 277 ранети лица.
Се додава дека многумина се уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел продолжи со разорната офанзива на Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, по нападот на палестинската група на отпорот Хамас.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.