Велика Британија ги одобри вакцините против оригиналната и омикрон-варијантата на коронавирусот, со што стана прва земја во светот која го направи тоа.
Овие вакцини се бустер доза што ја произведува Модерна, позната како „Spikevax bivalent Original/Omicron“.
Бивалентните вакцини делуваат на две различни инфекции.
Ги одобри британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (MHRA).
„Драго ми е да објавам одобрение за Модерна бивалентната бустер вакцина, за која во клиничкото испитување е утврдено дека пружа силен имунолошки одговор против варијантата Омикрон BA.1, како и против изворната варијанта од 2020 година“, рече извршната директорка на Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), Џун Рејн.
Бустер дозите на вакцини што ги произведува Модерна чекаат одобрение од агенцијата за лекови во Европската Унија, Канада и Австралија.