Анкета на НАТО пред Самитот     Фото: AA

Во пресрет на Самитот на НАТО, воено-политичката алијанса спроведе истражување за ставовите на граѓаните во земјите членки со фокус на поддршката за политиките на НАТО. Според анкетата „Истражување на јавноста на НАТО: Резултати пред самитот 2022 година“ која ја спроведе НАТО, се зголемува негативното мислење за Русија по инвазијата во Украина. Исто така по новата војна на европско тло, 70% од жителите на земјите членки на НАТО се загрижени од можна војна во рамките на алијансата.

Најголема загриженост од војна во која ќе бидат опфатени НАТО членки има кај граѓаните на Португалија, Шпанија, Бугарија и Италија и во сите овие земји над 80% од испитаниците ја споделуваат загриженоста.

Земјите од Западен Балкан кои се членки на НАТО се меѓу најмалку загрижените дека ќе има војна со која ќе биде зафатена алијансата. Така во Северна Македонија само 62% од испитаниците одговориле дека се загрижени за можноста да избие војна во НАТО, а најмалку загрижени се во Албанија со 47% и Црна Гора со 46% кои го дале овој одговор.

Најмалку загрижени за нова војна се членките од Западен Балкан     Фото: AA

Надворешните закани ја зајакнаа „Алијансата“

Ако во изминатите години имаше раст на натоскептицизмот, појавата на нови надворешни закани, доведе до зголемена доверба во инструментите со кои располага НАТО, како што се колективната одбрана и подигнување на нивото на безбедност и подготвеност.

Според анкетата, ако сега се одржи референдум дали нивната земја треба да остане членка, дури 72% одговориле дека ќе гласаат позитивно за членство во НАТО, или раст од 1 процентен поен во споредба со претходната година.

Највисок степен на поддршка има Полска каде дури 90% од граѓаните се за земјата да остане членка на НАТО, потоа 89% од Литванците го споделуваат овој став, 88% во Португалија, а 87% во Данска, Луксембург и Романија. Вкупно 14 земји членки имаат над 72% поддршка за останување во НАТО што е над генералниот просек, а само 10 земји се под него.

Најниска поддршка на евентуален референдум за останување НАТО членка има во Црна Гора. Ако се одржи такво изјаснување на граѓаните, тој би бил минимално успешен бидејќи само 51% од испитаниците би поддржале членство, 33% се против, а 15% немаат став.

Бугарија исто така е меѓу земјите членки со најмал процент, односно само 56% од Бугарите би гласале позитивно на ваков референдум. Поддршката од Северна Македонија изнесува 65% од испитаниците, а во Албанија достигнува 74%.

Како членките гледаат на глобалните предизвици?

Војната во Украина по руската инвазија значително ја зголеми поддршката на граѓаните за политиката на НАТО. Во меѓувреме опаѓа поволната слика кај граѓаните за Русија и тоа мислење бележи раст од 27 процентни поени во период од една година. Така, неповолна слика за Русија имаат 68% од испитаниците меѓу граѓаните од НАТО земјите, а само 9% од нив имаат поволна слика за Русија.

Сепак, расте загриженоста дека инвазијата ќе ја загрози безбедноста и сигурноста на поединечни земји членки.

Така, најголеми последиците сметаат дека ќе имаат граѓаните од балтичкиот блок. 52% од испитаниците во Литванија сметаат дека нивната безбедност е многу загрозена, 43% во Естонија и 41% од граѓаните во Летонија го споделуваат истото бреме.

Во регионот такви грижи има најмногу во Северна Македонија и Албанија каде 20% од испитаниците сметаат дека степенот на загрозеност е висок, додека пак најниска загриженост од само 8% има меѓу испитаниците од Црна Гора.

Во анкетата се најде и Кина, за која исто така се зголемува неповолното мислење. Кај граѓаните на НАТО земјите, кај дури 47% се зголемила неповолната слика за Кина, или вкупно 52% од сите испитаници имаат поглед на Кина, а само 12% позитивно гледаат на оваа глобална сила.

TRT Balkan
Популарни