Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој минатата недела побара од Израел да стори повеќе за да го спречи гладот во Газа / Photo: AA

Бројот на палестински жртви од израелските напади врз Појасот Газа достигна од седми октомври минатата година до денеска достигнаа 32.845, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Во денешното сооптение на министерството се вели дека 75.392 други биле повредени во смртоносната офанзива.

„Најмалку 63 Палестинци загинаа, а 94 други се повредени во израелските напади во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

Многу жртви сè уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив, се додава во соопштението.

Израел спроведува воена офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе. Таа, исто така, воведе блокада на приморската енклава, оставајќи го нејзиното население, особено жителите на северна Газа, на работ на глад.

Војната турна 85% од населението на Газа во внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека голем дел од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој минатата недела побара од Израел да стори повеќе за да го спречи гладот во Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни