Авионот се урнал во населено место, предизвикувајќи пожар во деветкатница.       Фото: Ројтерс

При пад на авионот Су-34 за време на вчерашниот тренажен лет во рускиот град Јејск загинаа 13 лица. Министерството за здравство на Русија соопшти дека се завршени активностите за отстранување на остатоците во населеното место каде што се урна воениот авион Су-34.

Наведено е дека на местото на несреќата се пронајдени тела.

„Загинаа 13 лица, од кои три деца, а 19 лица се повредени. На повредените им е укажана неопходната лекарска помош“, се наведува во соопштението.

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на гувернерот на Краснодар и на министрите за вонредни ситуации и здравство да го посетат градот Јејск и да ја пружат потребната помош.

Су-34 на вчера се урна достигнувајќи височина за тренажен лет од воениот аеродром на Јужниот воен округ. Авионот се урна во градот Јејск.

Пилотот успеал да се катапултира, а како причина за несреќата е пријавено запалување на еден од моторите на авионот при полетувањето.

Авионот се урнал во населено место, предизвикувајќи пожар во деветкатница.

Регионалната служба за итни случаи на Русија соопшти дека деветкатницата се запалила од авионско гориво кое истекло и дека се оштетени 17 станови.

TRT Balkan / агенции
Популарни