Русија изврши нов ракетен напад врз Киев главниот град на Украина, јавуваат локалните медиуми.
Точниот број на жртви и штетите засега не се потврдени, посочи Серхи Попко шеф на градската управа за вонредни служби во Киев, кој рече дека во нападот биле употребени десетици проектили и беспилотни летала.
„Првично се соочуваме со пожар. Податоците за штетата и жртвите се разјаснуваат. Единиците на итната помош интервенираат на местото на настанот“, рече Попко.
„Руските трупи извршија уште еден ракетен напад врз Киев. Нападот беше комбиниран - со крстосувачки и балистички ракети“, додаде Попко.
Според Попко, украинските сили за противвоздушна одбрана успеале да уништат повеќе од десетина крстаречки ракети, десетина балистички ракети и еден дрон во воздушниот простор на главниот град.