Во обуката на војниците учествувале повеќе од 3 000 инструктори     Фото: АА

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека 87.000 од 300.000 мобилизирани војници веќе се испратени во воената зона во Украина. Говорејќи на состанокот со воените команданти во Москва, Шојгу истакна дека регрутите кои се пријавиле во рамките на руската кампања за регрутирање на секои две години нема да учествуваат во „специјалната воена операција” во Украина.

„На полигоните се привршува борбената координација на формираните единици. Главните напори се фокусирани на теренската обука, способноста за користење на средства за комуникација, навигација и извидување. Во работата беа вклучени повеќе од 3.000 инструктори со воено искуство од специјалната воена операција” во Украина”, изјави Шојгу.

Министерот додаде дека странските платеници продолжуваат да учествуваат во војната на страната на Украина и дека во текот на изминатите две недели, речиси 200 од нив биле убиени. Според Шојгу, секојдневните руски воздушни напади го намалуваат воениот потенцијал на Украина бидејќи ја погодуваат инфраструктурата на непријателот.

Киев, како што рече тој, одговара со „бескрајни напади“ врз нуклеарната централа Запорожје, местата за евакуација и местата на дистрибуција на хуманитарна помош.

Министерството за одбрана на Русија денеска го објави почетокот на есенскиот воен рок во Русија. Според соопштението на министерството, годинава 120.000 лица треба да се пријават во војската под регрутација.

На 21 септември Русија изврши и делумна воена мобилизација, според која 300.000 регрути беа ангажирани во армијата.

AA
Популарни