Состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО продолжува и денес на тема зголемување на инвестициите во одбраната и справување со предизвиците што доаѓаат од Русија и Кина.
На состанокот, министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО ќе ги оценат новите предизвици што ѝ се закануваат на Алијансата, меѓи кои и „растечката стратешка конкуренција“ и „растечката усогласеност на Кина со Русија“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на почетокот на состанокот.
Тој ја истакна потребата од продолжување на поддршката на Украина, како и партнерите како Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија, кои „се соочуваат со притисок од Русија“.
Министрите за надворешни работи ќе разговараат и за тоа како да се зголемат трошоците за одбрана со цел да се задоволат потребите на „натпреварувачкиот и опасен свет“, додаде Столтенберг.
Тој нагласи дека очекува сојузниците на НАТО да усвојат поамбициозно „инвестициски залог со 2 отсто од БДП како минимум за инвестирање во одбраната“ на самитот на лидерите на НАТО овој јули во Вилнус, Литванија.
На првиот ден од состанокот, сојузниците се согласија да започнат повеќегодишна програма за поддршка на модернизацијата на украинската Армија и ја потврдија поддршката на НАТО за Киев.
Вчера, Финска официјално се приклучи на НАТО како 31-ва членка, која граничи со Русија.