Повеќе од 100 илегални израелски доселеници нападнаа палестинско село на окупираниот Западен Брег, убивајќи едно лице и палејќи куќи и неколку возила.
Според очевидци, еврејските доселеници го нападнале селото Џит, кој се наоѓа покрај главниот пат меѓу Наблус и Калкилија.
Напаѓачите потоа отвориле оган врз жителите таму, фрлале камења по куќите и запалиле најмалку една куќа и неколку возила.
Очевидци рекоа дека израелските сили обезбедиле заштита на илегалните доселеници и спречиле возила на палестинската цивилна одбрана да влезат во градот.
Израелското воено радио објави дека повеќе од 100 доселеници упаднале во градот.
Истиот извор наведува дека доселениците запалиле четири куќи и шест возила сопственост на Палестинци, додека фрлале камења и молотови коктели врз жителите и нивните имоти.
Тензиите се зголемија низ Западниот Брег откако Израел започна смртоносна воена офанзива на Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.
Оттогаш, најмалку 630 Палестинци се убиени, а речиси 5.400 се ранети од оган на израелската армија на окупираната територија, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Во мислењето од 19 јули, Меѓународниот суд на правдата ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за нелегална и побара евакуација на сите постоечки нелегални населби на Западниот Брег и Источен Ал Кудс.