Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин разговараа телефонски.
Како што соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, двајцата лидери разговарале за односите меѓу Туркије и Русија, за последните случувања во Сирија и за други глобални и регионални прашања.
За време на разговорот, Ердоган рече дека Туркије продолжува да го поддржува територијалниот интегритет на Сирија, но и прави напори за праведно и трајно решение во Сирија.
Тој посочи дека е важно да се отвори повеќе простор за дипломатија во регионот и дека сирискиот режим треба да се вклучи во процесот на политичко решение.
Ердоган рече дека најважно е цивилите да не претрпат штета.
Тој додаде дека Сирија не треба да биде причина за уште поголема нестабилност и дека Туркије прави се за да обезбеди мир во таа земја.
Ердоган, исто така, нагласи дека Туркије ќе продолжи да зазема одлучувачки став во борбата против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци кои се обидуваат да извлечат корист од најновите случувања во Сирија.
Граѓанската војна во Сирија трае од 2011 година. Во текот на изминатата недела, антирежимските сили, во ненадејна офанзива, ја презедоа контролата врз Алепо и некои други региони.