Oд 7. октомври минатата година досега се убиени најмалку 34.596 Палестинци / Photo: AA

Најмалку 28 Палестинци се убиени, а 51 е повреден во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 24 часа.

„Израелските окупациски сили во изминатите 24 часа извршија нови масакри врз Палестинците во Појасот Газа, што резултираше со убиство на 28 лица и ранување на уште 51“, се вели во соопштението на Министерството за здравство во Газа.

Во соопштението се наведува дека многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив поради континуираните израелски напади.

Прекршувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел ги продолжува нападите врз Појасот Газа, во кој од 7 октомври минатата година досега се убиени најмалку 34.596 Палестинци, главно жени и деца, а 77.816 се ранети.

AA
Популарни