Урсула фон дер Лајен сака да остане на чело на Европската комисија уште пет години, а нејзиното барање го поддржаа двете партии од германската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ, беше објавено во понеделникот.
„Претседателството на ЦДУ едногласно ја поддржа повторената кандидатура на Урсула фон дер Лајен за функцијата претседател на Европската комисија“, изјави претседателот на ЦДУ Фридрих Мерц по состанокот на партиското претседателство.
Фон дер Лејен, член на ЦДУ и кандидат на Европската народна партија (ЕПП), претходно изрази желба да остане на својата позиција уште пет години.
Фон дер Лајен ја поддржа и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), која заедно со ЦДУ ја формира Унијата ЦДУ/ЦСУ и ја претставува демохристијанската опција во Баварија.
„Урсула фон дер Лајен, како претседател на Европската комисија е природен избор за Унијата на европските избори, рече претседателот на ЦСУ, Маркус Содер на платформата Х.
„Во последните пет години таа ја докажа својата способност да води и добро ја водеше Европа низ кризи. Затоа ЦСУ силно ја поддржува“, изјави баварскиот премиер Содер.
Дер Лајен денеска изјави дека „ќе ја брани демократијата од оние кои се обидоа да ја уништат“, откако ја доби поддршката од коалицијата.
„Најважни се демократијата, владеењето на правото што го браниме и заедничкиот мир“ рече Фон дер Лајен, додавајќи дека нејзината изборна кампања има за цел „јасно да им стави до знаење на рускиот претседател Владимир Путин и на екстремно десничарските партии во Европа дека Европската демократија стои на патот“.
Таа оцени дека сакаат да ја уништат Европа и затоа е важно „луѓето да помогнат да се зачува Европа“.
Во анкетите во пресрет на изборите за Европскиот парламент, ЕПП се смета за најсилна претставничка група, што дава големи изгледи за реизбор на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската комисија.
Фон дер Лајен, која меѓу другото ја извршуваше функцијата министер за одбрана во владата на Ангела Меркел, беше номинирана за нејзината сегашна позиција во 2019 година од страна на поранешната канцеларка.