Во израелските напади врз Газа од 7 октомври се убиени 31.726 Палестинци / Photo: AA

Загинаа 31.726 Палестинци, а 73.792 се повредени во нападите од страна на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври.

Во соопштението на палестинското Министерство за здравство се наведува дека во последните 24 часа загинале најмалку 81 Палестинец, а 116 се повредени.

Министерството за здравство, исто така, истакна дека под урнатините и на патот има тела на загинати Палестинци до кои не можат да стигнат медицинските тимови и припадниците на цивилната заштита поради блокадата на израелските сили.

Израел започна напади врз Појасот Газа по 7 октомври минатата година и прекуграничниот напад на Хамас.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа се внатрешно раселени и се соочуваат со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

По обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република на 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

AA
Популарни