Во Париз започна самитот за климатски финансии / Photo: Reuters

Ниту една земја не треба да избира помеѓу борбата против сиромаштијата и заштитата на планетата, рече францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на Самитот за нов глобален финансиски пакт во Париз.

Меѓународните финансиски реформи ќе бидат приоритет на агендата на дводневниот самит, што започна во Париз со учество на околу 50 шефови на држави, заедно со претставниците на меѓународните организации и граѓанското општество.

Самитот конкретно ќе се фокусира на помагање на најранливите земји во развој да се справат со сиромаштијата и климатските промени.

„Решавањето на овие предизвици ќе бара зголемено приватно финансирање и ремонт на јавните финансии“, нагласи Макрон, кој ги откри плановите да биде домаќин на самитот по меѓународната климатска конференција COP27 во ноември 2022 година.

Минатата недела, во заедничка статија во францускиот дневен весник „Монд“, Макрон и тринаесет други политички лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, ја истакнаа нивната итна посветеност во борбата против сиромаштијата и нееднаквоста.

Тие изразија загриженост дека климатските промени ќе доведат до почести и погубни катастрофи, кои несразмерно ќе ги погодат најсиромашните и најранливите популации во светот.

TRT Balkan / агенции
Популарни