Воздушните, морски и копнени напади на израелската армија врз Појасот Газа траат веќе 291 ден / Photo: AA

Најмалку 93 Палестинци загинаа, а десетици се ранети во нападите на израелската армија врз Појасот Газа во текот на ноќта.

Воздушните, морски и копнени напади на израелската армија врз Појасот Газа траат веќе 291 ден.

Во веста на официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, беше наведено дека во текот на ноќта Израел извршил интензивни напади врз градот Кан Јунис на југот од Појасот Газа, како и врз градот Газа на север и Регионот Деiр ал Белах во централниот дел.

Соопштено е дека 77 лица загинале, 200 се ранети, а повеќе од 30 сѐ уште се под урнатините во нападите на израелската армија во регионот Кан Јунис во Појасот Газа.

Соопштено е дека во нападите на израелската армија врз градот Газа и областа Џабалија загинале 16 Палестинци.

Веста објави дека биле бомбардирани куќи во бегалскиот камп Џабалија, кој се наоѓа на северот од Појасот Газа.

Во нападите на кампот Џабалија загинале четворица цивили, а многу се ранети.

Најмалку четири лица загинаа, а голем број се ранети како резултат на бомбардирањето на куќата на семејството Ал Џамаси во градот Газа.

Во воздушен напад на куќа во населбата Ес-Сабра во градот Газа загинаа осум Палестинци, а некои беа ранети.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година загинаа 39.006 Палестинци, меѓу кои најмалку 16.172 деца и 10.798 жени, а беа ранети 89.818 луѓе.


AA
Популарни