Вучиќ-Зеленски: Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина / Photo: Официјален профил од социјалните мрежи на Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар во Атина се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски, пред синоќешната неформална вечера организирана од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за лидерите од Западен Балкан и претставниците на Европската унија.

Како што беше соопштено на официјалниот профил на Вучиќ на социјалните мрежи, разговорот беше добар и отворен за сите важни прашања, како за Србија и Украина, така и за регионот и за целиот свет.

Двајцата претседатели се осврнаа, како што изјави Вучиќ, на настаните во Украина и Косово.

„Уште еднаш укажав дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, што јасно и недвосмислено го кажуваме од почетокот на конфликтот“, рече Вучиќ.

TRT Balkan / агенции
Популарни