Зеленски: Украина секој ден губи помеѓу 60 и 100 војници     Фото: АА

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Украина секој ден губи помеѓу 60 и 100 војници.

„Ситуацијата на истокот на Украина е многу тешка. Губиме 60 до 100 војници секој ден и околу 500 се ранети во борбите“, рече Зеленски во интервју за Њузмакс (Newsmax).

Тој исто така рече дека Русија ги блокира пратките на жито преку Црно Море.

„Моментално, 22,5 милиони тони жито е блокирано од страна на Русија. За да ја одблокираме таа територија и да го отвориме излезот на море, излезот на вода, излез до нашите луѓе, потребно е да се бориме и потребно ни е оружје со поефикасен домет од 120-140 километри“, порача Зеленски.

Американскиот претседател Џозеф Бајден објави нов пакет помош во ракетни системи за Украина.

Високите функционери на американската администрација рекоа дека тие ракетни системи ќе можат да испалуваат ракети до 80 километри, што е многу помалку од она што Зеленски го барал, оценува Си-Ен-Ен (CNN), но додава дека тоа е многу повеќе од она што Украина го добила до сега.

Во интервјуто, Зеленски оценува дека ракетите ќе се користат во Украина, а не на руска територија.

„Знам дека некои луѓе во САД говорат, или луѓето во Белата куќа, дека ќе ги користиме можеби да ја нападнеме Русија: Видете, ние не планираме да ја нападнеме Русија. Нас нѐ не интересира Руската Федерација. Ние не се бориме на нивната територија. Ние имаме војна на наша територија. Дојдоа во нашата земја. Сакаме да ги одблокираме нашите градови. За таа цел ни е потребно вооружување на домет и до 100 километри“, порача Зеленски.

TRT Balkan / агенции
Популарни