Хрватска ќе биде 20 членка на еврозоната     Фото: Reuters

Советот за економски и финансиски работи на Европската Унија, ECOFIN, ги усвои трите конечни акти кои беа потребни за Хрватска да може од 1 јануари 2023 година да го воведе еврото. Меѓу одлуките на Советот е таа за стапката на конверзија на куната во евро по среден курс од 7,5340 куни за едно евро.

Заедно со овој акт ECOFIN усвои уште два правни акти. Тоа се одлуката за прифаќање на еврото во Хрватска како и уредбата со која се утврдува дека со потписот на останатите 19 членки, Хрватска ќе стане 20 членка на еврозоната.

„Би сакал да му честитам на мојот колега Здравко Мариќ и цела Хрватска на тоа што станаа 20 држава која стана дел од еврозоната. Воведувањето на еврото не е трка туку одговорна политичка одлука. Хрватска успешно ги исполни сите економски критериуми и од 1 јануари 2023 година ќе плаќа во евра”, изјави чешкиот министер за финансии Збињек Стањура кој претседава со ECOFIN.

Договорот за пристапување на Хрватска во еврозоната беше потпишан денеска во Брисел. На потпишувањето освен Стањура и Мариќ присуствуваа и извршниот потпретседател на Европската комисија Валдис Домбровскис, еврокомесарот за правда Паоло Џентолини и претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард.

TRT Balkan / агенции
Популарни